Кој е Блерим Исмаили, новиот командант на специјалната единица „Ренџери“?

by fokus 11:29
11:29

Потполковник Блерим Исмаили пред неколку дена е поставен за нов командант на специјалната единица „Ренџери“, информација што тој ја потврди и за „Фокус“. Тој доаѓа на местото на потполковсникот Војнески Драганчо.

Исмаили е роден во Гостивал, 1979 година а завршил на Воена Академија во Скопје. Освен тоа, тој е магистер на науки на Факултетот за безбедност на мирновни студии.

- Advertisements -

Исмаили има богата воена кариера, каде во наголем дел бил од „Ренџери“. Учествувал и на мисии во странство како „Слобода за Ирак“ од 07.12. 2007 па се до 06.06.2008-ма година, и во мисијата „Феникс“ во Авганистан, од 31.03-2010-до 24.11-2010 година.

Во својата кариера, Исмаили има добиено многу награди и одликувања, одлично го владее англискиот јазик а има основни познавања од германски јазик. Тој е оженет и татко на две деца.

ФОТО – АРМ

Поврзани новости