20 години ПроКредит Банка – Го гледаме светот на ист начин

by fokus

Секојдневно возите велосипед одејќи накај работа затоа што сакате да го намалите загадувањето од автомобилите, користите што е можно повеќе рециклирани производи, живеете одговорно, не потпаѓајќи под класичниот консумеризам, штедите, инвестирате и сте во чекор со модерната технологија. И тоа е за поздрав, но сте се запрашале ли каде банката која сте ја одбрале ги инвестира вашите средства? Какви принципи на работа промовира? Дали воопшто го гледа светот на истиот начин како и вие?

Токму овие прашање се начнуваат како тема во новата кампања на ПроКредит банка, по повод 20 годишнината од своето постоење. Преку слоганот „Пример за одговорност,“ ревносно се борат да ги урнат банкарските стереотипи и низ едукација и пример да покажат дека општествената одговорност е култура и начин на живот и работење. Токму затоа тргнувајќи од вредностите дека помалку и помудро може да биде подобро нѝ отвораат еден нов свет во кој одговорноста се покажува низ дела.

Не е тајна: банките и нивните клиенти не секогаш се гледаат очи во очи. Но, кога станува збор за тоа како банките располагаат со вашите пари и ресурси, од суштинско значење е тие да ги делат истите вредности, принципи и приоритети како и вие. Одговорното банкарство и одржливоста се клучните принципи кои секој треба да ги бара при изборот на банка.

Што значи ова? Веќе подолг временски период сме преплавени со промоции и понуди за ненаменски потрошувачки кредити кои нè поттикнуваат на консумеризам, дека нешто ни е неопходно, итно. И наместо банката да биде вашиот коректив и правилно да ве насочи кога се наоѓате во финансиска недоумица, често решението кое со кое завршувате носи долгорочен негативен ефект врз вашиот буџет.

Не, не ви е неопходен потрошувачки кредит за шопинг, ниту пак за летување од соништата. Уште помалку за купување на производи за задоволување на краткорочни задоволства. Со паметно планирање, штедење и инвестирање можете да си обезбедите квалитетен живот. Токму затоа, ПроКредит банка во своето портфолио не промовира ненаменски потрошувачки кредити, но нуди личен банкарски советник кој ќе ви помогне и ќе ве едуцира како вистински да располагате со средствата. Како резултат на инвестицијата во култура на штедење, дури 65% од клиентите на банката користат производи за штедење.

Дали знаете дека парите што ги чувате во банка, односно вашата заштеда, платата што ја чувате на вашата трансакциска сметка, банката ги пласира во кредити? Тоа е добро, се додека вашите средства се инвестираат во општествено одговорни сектори и проекти. Но, што ако вашата банка ги инвестира вашите заштеди, на пример во компанија која не води сметка за унапредување на еколошките стандарди и со своето работење активно придонесува за загадување на воздухот кој го дишите? Зарем тоа не е во судир со вашите лични интереси и заложби? Банките водејќи се од идејата да остварат што поголем профит, неретко решаваат да инвестираат во високо профитни сектори кои се главни загадувачи или негативно влијаат на општествениот развој.

Што се однесува до ова прашање, ПроКредит Банка остава позитивен пример водејќи се по правилото дека она што го правиме за наше добро, треба да биде еднакво добро и за иднината. Во пракса, позитивните примери ПроКредит ги докажува со бројки. Па така, 20% од нивното кредитното портфолио е во еко инвестиции, што доколку го интерпретираме преку ефектот што го има врз заштеда на CO2 емисии е еквивалентно на исклучување од сообраќај на 24.573 автомобили за една година. Дополнително, банката има јасно утврдена листа на активности кои нема да ги кредитира бидејќи ја загрозуваат животната и општествената средина, како и комплетен интерен систем за управување со животната средина и дигитализација на процесите. 70% од возниот парк на банката е на струја, која ја произведуваат од сопствена фотоцентрала, за нула CO2 емисии. Преку дигитализација, ПроКредит намаликористење хартија за 90% во последните 10 години со што се зачуваат околу 450 дрвја годишно. ПроКредит банка несомнено покажува дека ја сака природата исто колку и вие!

Банките имаат исклучително важна улога во развојот на економијата и долгорочната одржливост на општеството во кое живееме. Со тоа, и индивидуалната одлука на секој од нас при избор на банка со која ќе соработува значајно влијае на нашата заедничка иднина и на природата. Затоа, одберете банка која го гледа светот на ист начин како и вие.

ПР текст

Поврзани новости