Заев: Ќе прифатиме име- Република Илинденска Македонија

by fokus 17:20
17:20

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на лидерската средба се обрати до јавноста при што истакна дека сме спремни да го прифати името Република Илинденска Македонија. Тој потенцираше дека ова име би било за севкупна употреба.

-Владите на Република Македонија и на Грција разговараа за опција и за решение кое може да биде прифатливо за двете страни. Република Илинденска Македонија е името за кое е можен компромис со Грција. На англиски: Republic of Ilinden Macedonia. Спреми сме да прифатиме Република Илинденска Македонија. Верувам дека ова е решение на кое можеме да подадеме рака, истакна Заев.

- Advertisements -

Тој појасни дека со овој предлог се зајакнува темелот на нашата држава, па затоа се надева дека ќе биде прифатливо и за Грција.

-Илинден е нашата светла иднина, со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција за мултиетничка Македонија, истакна премиерот.

Тој појасни дека предлогот би одел на референдум, нешто што и грчката страна го прифаќала.

– Предложеното имеќе биде за с евкупна употреба и за внатре и за во светот и за тоа ќе се исполнат сите неопходни промени и процедури. Кодовите „мк“ и „мкд“ ги задржуваме, јазикот и идентитетот ги задржуваме македонски, тврди Заев.

 

Поврзани новости