Вакцините МРП со погрешни декларации нема да се уништат, обезбедени се како доказ

by fokus

Обвинителството му издаде наредба на МВР да ги попише и обезбеди вакцините МРП кои беа со погрешни декларации, бидејќи истите сѐ уште не биле уништени.

-Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие сe уште не се уништени.

Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба, информираат од Обвинителството.

Поврзани новости