Спасовски од Дебар: Поминавме тежок период, меѓутоа се уште не е завршено

by fokus

Денеска можеме да испратиме силна порака на охрабрување, не само за граѓаните на Дебар и Центар Жупа туку и за граѓаните на Република Северна Македонија дека знаеме, можеме и умееме да се справиме и во овие тешки моменти, порача премиерот Оливер Спасовски од Дебар.

Додаде дека граѓаните од двете општини беа 30 дена во карантин и со ограничување на движењето поради здравствената криза.

-Граѓаните се за секоја пофалба и признание, поради дисциплинираноста и посветеноста во борбата против короноа вирусот и тоа покажува дека со посветеност, преку дисциплина и внимание и преку упорност, којашто ја има секој од нас, можеме да си помогнеме и себеси и на нашите семејствата и на државата, рече Спасовски.

Тој искажа голема благодарсност и признание на здравствените работици, кои беа на првата „борбена линија“ против невидливиот непријател, на македонсклата полиција и армијата, кои дадоа се од себе полесно да поминеме во оваа криза, на сите владини и локални институции, на градоначалниците и општинските оперативни штабови кои, како што рече, направија се да имаме доследна имплементација на мерките што ги донесе Владата во изминатиот период.

-Поминавме тежок период, меѓутоа се уште се не е завршено. Периодот кој можеби беше најтежок во Дебар и Центар Жупа, меѓутоа во ниту еден момент од денеска натаму не треба да бидеме релаксирани, туку напротив да продолжиме со почитување на сите мерки и препораки коишто ги носи Влатата и се она што работат и препорачуваат општинските штабови, порача премиерот.

Посочи дека она што можеме да придонесеме заедно е да останеме дома.

-Затоа ги повикувам сите граѓани на РСМ да направиме се да ги почитуваме мерките, а тоа е да останеме дома што е можно повеќе и заедно да придонесеме да го победиме ова зло на територијата на целата наша земја, нагласи Спасовски.

Во Дебар и Центар Жупа беше и Бујар Османи.

-Ги активиравме сите механизми за да бидеме во служба на општините со цел да се вратат во нормала. Ќе продолжиме и понатаму со сестрана помош, со почитување на мерките за спречување на проширувањето на корона вирусот, како и со цел меѓу другото да ги намалиме и социоекономските последици, за што Владата има свој план, рече Османи.

И Спасовски и Османи посакаа побрзо закрепнунвање на заразените, а од името на Владата изразија счувство до семејствата на починатите.

Поврзани новости