Обвинение за скопјанецот кој на фејсбук се закануваше дека ќе го убие Заев и министри од Владата

by fokus

На 34-годишниот скопјанец кој на фејсбук објавуваше фотографии од министри од Владата и од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а притоа им се закануваш со убиство, му се закануваат над пет години затвор. Од обвинителството информираат дека против скопјанецот поднеле обвинителен предлог.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен пртедлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 34-годишник, во периодот од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил дека ќе изврши кривично дело – Убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години. Тој во повеќе наврати објавувал текстови со заканувачка содржина, а заканите биле упатени кон политичари и владини фунционери, велат од Обвинителството.

Поврзани новости