Пратениците најмногу ги билдале мускулите на нозете и на градите

by fokus

Собранието преку оглас бара фирма која ќе биде задолжена за сервисирање на фитнес опремата која е сместена во собраниската теретана. Пратениците пред пет  години, при реновирањето на законодавниот дом добија фитнес сала, чија опрема очигледно дотраела.

Според објавениот оглас на Бирото за јавни набавки, може да се изведе заклучок дека пратениците најмногу внимавале на својот изглед на нозете и градниот кош, односно ќе се менуваат делови од машините наменети за вежбање на мускулите на нозете, на градниот кош, но и на останати справи.

Па така се бараат делови за машините за вежбање на мускули на нозе и тоа за „лег курл„ и „хип хоп“, потоа за машините за вежбање на гради како „крос машина„ и „пек дек машина“, како и замена на делови на траки за трчање, орбитрек, степер, статичен велосипед, машина за веслање и слични.

За оваа набавка Собранието планира да потроши нешто помалку од 5.000 евра.

В.В.

Поврзани новости