Од обвинителството откриваат, возачот што ја прегази новинарката бил пијан и под дејство на марихуана

by Фокус

Од Основното јавно обвинителство информираат дека осомничениот 37-годишен скопјанец, кој во вторникот ја прегази новинарката Сузана Тодоровска, во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол, но резултатите од урината покажале и дека користел марихуана.

-Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис, се вели во соопштението на Обвинителството.

Од Обвинителството додаваат дека се преземаат истражни мерки против осомничениот, истакнувајќи дека надлежен јавен обвинител извршил увид на лице место по случената сообраќајна несреќа.

-Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот нареди и вршење на обдукција над починатото лице. Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување на докази и расветлување на настанот., велат од Обвинителството.

Поврзани новости