Младите на ВМРО-ДПМНЕ по стапките на лидерот Груевски, организираат проекција на филмот за Ќосето

by fokus 21:55
21:55

Откако за време на изборната кампања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, му се закани на неговиот политички противник лидерот на СДСМ Зоран Заев, со Андон Ќосето, односно му рече дека дека него Ќосето би го решил на негов начин, со ликвидација, сега младите на ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на проекција на филмот за Ќосето, „Некаде со добро, некаде со нож“.

„Ги покануваме сите млади!Проекција на филм за Андон Ќосето. Да ги зачуваме традиционалните вредности во новото време! Само храбро осознавајќи ги идеалите, можеме заедно да ги совладаме предизвиците на новото време, стои во повикот на УМС Бутел.

- Advertisements -

Проекцијата на филмот ќе биде утре, во општината Бутел. За таа цел подмладокот на партијата изработи и постер, кој без дополнително објаснување наликува на повик за протест, поради што добивме и загрижени реакции од наши читатели.

За време на изборен молк, ден пред предвремените парламентарни избори, на програмата на јавниот сервис, беше емитуван документарец за контроверзниот Андон Лазов Јанев- Ќосето. Насловот на документарецот е „Каде со добро, каде со нож!“

 

Поврзани новости