Мицкоски: Многу скоро јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување

by fokus

Само нелигитимен премиер кој што е поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„А, колку е тој релевантен ќе види на 20-ти август овдека во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово. А, на следните предвремени парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на Македонија“, истакна Мицкоски од Тетово при презентирање на советничката листа на општина Тетово за претстојните избори на 20-ти август.

Мицкоски додаде дека тој нема што повеќе да додаде како коментар на денешната изјава на Димитар Ковачевски освен да каже дека за 20-тина дена од денеска и те како гласно ќе одекне народот во Тетово, а потоа и насекаде низ Македонија. А, Ковачевски како нелигитимен премиер ќе слушне што има народот да каже.

„Од власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, а бегаат и сега од соочување со граѓаните на референдум. Консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро од денеска јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости