Јовески за ,,Фокус”: Незаконско постапување нема да толерирам!

by fokus 20:36
20:36

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за неделникот „Фокус“ ги открива деталите за „обвинителската кавгата“ околу претресот во Упрвата за финансиска полиција. Тој е дециден дека не и се меша на обвинителката Вилма Русковска во предметите, туку дека се грижи за законско почитување на постапките, што е и негова законска надлежност.

Јовески вели дека засегнатите обвинителки биле први информирани за извршениот надзор.

-Дека се работеше јавно и транспарентно покажува и фактот што подготвеното укажување, по надзорот на двајцата обвинители од ова јавно обвинителство, е доставено со доставна книга до Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, што значи до неговиот раководител и до двете обвинителки.
Укажувањето е предадено и заведено во обвинителството во петок, на 29-ти минатиот месец, а во понеделникот, на 1-ви овој месец, како соопштение е доставено до медиумите, вели Јовески.

На прашањето на „Фокус“ дали е точно дека обвинителката која го потпишала барањето за претрес, всушност не знаела што потпишува и дека и било кажано дека тоа е наредба од шефицата, Јовески вели:

-Обвинителите кои го извршија надзорот утврдија дека на денот на вршењето на претресот обвинителката Вилма Русковска го започнала користењето на годишниот одмор. Во нејзино отсуство ја заменувала обвинителката Ивана Трајчева. Барањето за наредба за претрес кое е изготвено во име на обвинителката Русковска го потпишала обвинителката Елизабета Јосифовска. За тоа кој го изготвил барањето, кој наредил да се потпише, дали обвинителката што го потпишала знаела што потпишува или тоа и било наредено, кој го доставил барањето до судот, кој го организирал вршењето на претресот, но и за други релевантни околности задолжена е обвинителката Русковска да достави информација до Јавното обвинителство на РСМ.

Доколку пак обвинителката Русковска не ја достави бараната информација, тогаш вели дека ќе превземе се што е во негова надлежност за да се расчисти случајот до крај.

-Како јавен обвинител ќе ги превземам сите неопходни чекори за утврдување на релевантните факти за евентуалната одговорност на јавните обвинители. Нагласувам дека незаконско постапување нема да толерирам!, вели Јовески.

Разговараше: Валентина Вурмо

Целото интервју можете да го прочитате во новиот број на „Фокус“, кој можете да го купите и во електронски формат на овој линк

Поврзани новости