161 евро алиментација за кралот на бакарот: Син ми ќе оди на училиште, а не на концерти!

by fokus 19:43
19:43

Бизнисменот Милан Поповиќ (54), познат во регионот како кралот на бакарот, месечно ќе добива алиментација за синот Александар (7) во износ од 161 евро, одлучил денес судот во Загреб, откако и беше одземено старателството на Северина (47). Битката за старателство над синот помеѓу музичката ѕвезда и биснисменот која се одвиваше пред очите на целиот Балкан, траеше со години. Низа на клевети, обвинувања и судски спорови беа дел од секојдневието на поранешните партнери.

Денес, одлуката до 20 часот Северина да му го предаде синот на Милан, а потоа да може да го гледа два пати неделно и секој втор викенд, се најде во речиси сите медиуми во поранешните Југословенски републики.

-Александар ќе продолжи да оди на училиште, а не на концерти. Ќе посетува и приватни часови, со цел да го надокнади пропуштениот материјал. Еднаш читав за што најмногу жалеле луѓето пред смртта. Најмногу одговориле речиси исто – дека им е жал што го пропуштиле растењето и детството на своите деца. Јас нема да дозволам тоа да ми се случи мене – изјавил Поповиќ за српските медиуми.

- Advertising -

Покрај Александар, тој има уште два сина. Северина се уште јавно се нема огласено по повод судската одлука која е актуелна во регионот. ,,Фокус” се обиде да стапи во контакт со Давор Гргин, кој е задолжен за односите со јавноста на пејачката, но тој не одговори на нашите телефонски повици и пораки.

Вики Клинчарова

Поврзани новости