Нормализиран сообраќајот на автопатот Неготино-Градско

by fokus

Од 17:15 часот е нормализиран е сообраќајот на автопатот Неготино-Градско, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот беше во прекин од 15 часот поради верижен судир на четири возила. Тројца од повредените со возила на Итната медицинска помош од Неготино беа пренесени во Велес.

Директорот на Општата болница за МИА изјави дека им се прават ренген снимања на повредените по што ќе се одлучи да ќе бидат задржани на понатамошното лекување во болницата или ќе бидат упатени во Скопје. Од тројцата повредени, еден е полесно, а двајца потешко повредени.

Поврзани новости