1K
За време на вчерашниот протест во одбрана на името, кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието се случија неколку инциденти, информираа од МВР.
Според полицијата, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница. Исто така, за време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија.