490
На вчерашните протести во одбрана на името, кои се одржаа пред Собранието пронајдени се пет шишиња со запалива течност, информираа од МВР.
Според полицијата, во паркот Жена борец во Скопје биле пронајдени пет шишиња со запалива течност, а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во полициска станица.