Забрана за повеќе од тројца патници во еден автомобил, кои заеднички одат на работа, сите мораат да носат маска и ракавици

by fokus

Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот, додека одат кон работа, не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

На информативната видео-сесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на корона вирусот Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

Доколку излегуваат на терен, односно се работи за службено патување, за тоа е потребно да имаат и дозвола за движење која е издадена од работодавачот, рече Петровска.

Поврзани новости