СЗО ги повика САД и Кина да се обединат во борбата против корона вирусот

by fokus

Светската здравствена организација денеска ги повика САД и Кина да ги обединат своите сили во борбата со пандемијата од коронавирусот, соопштувајќи дека ќе има „многу повеќе жртви без меѓународното единство“.

-САД и Кина треба да се обединат и заедно да се борат со овој опасен непријател, изјави шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на видео брифинг во Женева.

Коментарот на Тедрос доаѓа по критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека ова највисоко здравствено тело на ОН „ја утнало работата“ и е „многу прокинески ориентирано”.

-Ве молам не го политизирајте овој вирус, изјави директорот на СЗО.

„Карантинот, политизирањето на Ковид-19 … не треба да губиме време во покажување со прст, изјави тој и додаде дека тоа е како да си играш со оган … Треба да се воздржиме“, рече Тедрос.

Првиот човек на Светската здравствена организација им се заблагодари на САД за нивната „ дарежливост“ во финансирањето на глобалните здравствени иницијативи, како што е борбата против пандемијата од Ковид-19.

Поврзани новости