Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 одлучи дека снимката на која се гледа како дадилка малтретира бебе во Скопје, е доказ, односно ќе биде искористена во судскиот процес кој што ќе следува. Адвокатот на осомничената дадилка, која неодамна беше снимена од родителите на бебето, во нивниот дом, како го тепа, поднесе барање за издвојување на снимката од доказите бидејќи според него била обезбедена на незаконски начин.
-Бранителот во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материја претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена како резултат на Посебни Истражни Мерки во согласност со ЗКП и потврдата за привремено одземени предмети и наредбата за вештчње се доказ кои произлегуваат од незаконски направена снимка, па затоа во согласност со законските одредби по чл. 12 ст.2 од ЗКП и чл, 93 од ЗКП побара цитираните докази да се издвојат и истите да не претставуаат доказ во понатамошниот тек на постапката, се вели во соопштението на судот.
Оттаму појаснуваат дека судијата на претходна постапка ваквото барање го одби како неосновано.
-По добивање на барањето судијата на претходна постапка прибави увид во предметот со кој на осомничената и беше определан мерка притвор, побара мислење од ОЈО – Скопје и изврши увид по истите по што одлучи дека прибавената снимка е прибавена на законит начин, и истата е извадена од мемориска картичка која претходна била дадена на МВР од страна на таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети. Имено судијата на претходна постапка цени дека прибавената снимка, која што ја оспорува бранителот, согласно чл 250 ст.1 од ЗКП, може да служи како доказ во кривична постапка, иако за конкретниот кривично правен настан не е издадена посебна истражна мерка од страна на судот, бидејќи, видео материјалот е снеимен во приватен имот, односно станот кој е во сопственост на таткото на оштетеното малолетно дете, а видео камерата била поставена пред се за заштита на приватноста на станот и безбедноста на сега оштетеното дете, објаснуваат од судот.
Од судот одаваат и дека судиајта на претходна постапка имал предви дека станува збор за кривично дело каде жртва е малолетно дете на возраст од само 10 месеци, кое неможе да биде сведок и неможе да даде исказ во својство на оштетен каде ќе го објасни настанот, дејствијата и интензивното малтретирање, а кои дејствија може да се утврдат единствено од самата снимка која што е доставена како доказ од јавниот обвинител.
-Исто така судот ги ценеше и одредбите од Законот за правата на децата каде децата уживаат посебна заштита, особено во корелација со заштитата на малоелтно дете во конкретно клривично дело, како и фактот дека Европската конвенција за човекови права и основни слободи, дозволува самите држави во согласност со националното законодавство да ценат дали одреден доказ е прибавен на законит начин и може да се користи во постапка, особено кога се има предвид вакво сензибилно кривично дело, велат од судот, од каде што додаваат дека оваа решение не е правосилно и дека странките имаат право на жалба пред второстепениот суд во рок од три дена.
Претходно, судија на претходна постапка, во аферата за незаконското прислушување, одлучи кака доказ да не се признаат снимките од прислушуваните материјали, бидејќи не биле обезбедени на законски начин.