Северина вечерва прави свадба во хотелот на Љубе Бошковски

by Фокус

Најпозната хрватска пејачка, Северина Вучковиќ, вечерва прави свадбена прослава во хотелот на поранешниот македноски министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски. Хотелот на Бошковски се наоѓа на хрватска Истра, во местото Бале.

Северина и нејзиниот избраник, Игор Којиќ, син на српскиот пејач Драган Којиќ- Кеба, денеска во 12:30 се венчале во локалната црква во Бале, а свадбената прослава вечерва продолжува во хотелот на Бошковски, далеку од очите на јавноста. За да нема „непоканети гости“ од медиумите, утрово Северина објави лажна информација дека свадбата ќе биде во декември.

Поврзани новости