Дали обвинетиот Фејзи Азири го “наместиле“, беше запрашан началник од МВР на рочиштето за „Монструм“

by Fokus

Чаура од куршум испукан на 12 април 2012 година како доказ била допишана во вкупниот збир на докази на 17 април, односно четири дена после првиот записник во кој биле запишани 20 чаури најдени на местото на убиството кај Смилковско езеро. Дали со тоа се „мести“ обвинетиот Фејзи Азири, беше прашан денешниот сведок В.М. на судењето за предметот „Монструм” од адвокатот Насер Рауфи.

Сведокот, кој бил началник во МВР во Единицата за истраги, рече дека во неговата кариера никогаш не се случила таква работа и дека за сите нови докази најдени за громорозното убиство, биле изготвувани нови записници. Судечкиот совет и обвинителите реагираа на ваквото прашање на адвокатот.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Поврзани новости