Стефанова по втор пат му даде негативно мислење на Камчев за времен пасош, иако нудеше гаранција од 2 милиони евра

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова по втор пат негативно одговори на барањето на бизнисменот Орце Камчев да добие втор времен пасош. Откако веќе еднаш беше одбиен, Камчев понуди гаранција од 2 милиони евра до Кривичниот суд, по што барањето повторно беше испратено до обвинителката која ја води истрагата за случајот „Империја“.

Дека и второто мислење на обвинителката е негативно за „Фокус“ потврдуваат од Обвинителството.

Сега на потег е Кривичниот суд кој треба да пресече дали бизнисменот ќе добие пасош, или ќе го почитува мислењето на обвинителката Стефанова и по втор пат нема да даде согласност.

Камчев е еден од осомничените во истрагата за случајот „Империја“, која ја отвори СЈО, а по распадот, предметот повторно е во рацете на обвинителката Стефанова, која неодамна ја активираше истрагата.

В.В.

Поврзани новости