1,7 милион евра за барокни фасади околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Барокни фасади вредни речиси 1 милион и 700 илјади евра ќе добијат 4 згради, во кои се наоѓаат и државни институции кои ротираат околу новиот штаб на владејачката партија

Станува збор за објектите на Министерството за труд и социјала, Државниот завод за статистика, Трговскиот центар „Палома Бјанка“. Фирмата Трансмет од Скопје ќе треба да им даде нов лик на фасадите.

Од град Скопје велат дека се работи за освежување на фасадите кои се во фаза на распаѓање и нивното реконструирање се врши според еколошки стандарди и ќе имаат енергетска ефикасност.

Поврзани новости