На местото на култната фонтана во Битола ќе се гради парк

by Фокус

Познатата Бела фонтана во Битола, која беше  еден од главните симболи на градот е срушена со земја, а нејзино место ќе се гради парк.

На острите реакции од битолчани кои апелираа да не се руши фонтаната, градоначалникот Владимир Талески одговори дека била разгледана можноста за реконструкција, но поради застареноста тоа било невозможно.

Реакции имаше и меѓу советниците од опозицискиот СДСМ кои обвинија дека култната фонтана била срушена без јавна расправа.

Поврзани новости