ВМРО-ДПМНЕ: Владата за 50 отсто да ги зголеми субвенциите за овоштарите

by fokus

Владата да донесе итна одлука за целосна отштета на овоштарите и за најмалку 50 отсто да ги зголеми субвенциите за одржување на овошните насади, рече Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека македонските праски скапуваат, имаме информации дека се увезуваат преку 1.200 тони евтини праски од соседството. Времето одминува, а нема никаков ефект од празните прес-конференции и флоскули на Љупчо Николовски“, нагласи Пемова.

Според неа, мерката од шест денари поддршка за килограм предадена праска кај откупувачите не значи никаква поддршка.

„Оваа мерка би имала ефект доколку воопшто има откуп. Очигледно по неколку реакции на овоштарите од Росоман и Кавадарци, Министерството и Владата немаат конкретно и издржано решение за нивниот проблем„ додаде Пемова.

Поврзани новости