ВМРО-ДПМНЕ: СДС започна со најави за уривање, блокирање и укинување

by Fokus

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно фокусирана на создавање на подобра иднина за граѓаните на Република Македонија. Најдобар доказ за тоа се новите работни места кои се отвараат. Според Заводот за статистика во Република Македонија вработени се 734.000 граѓани, односно има 20.000 повеќе граѓани кои се вработени во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13.000, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Во моментов невработеноста е на рекордно најниско ниво од осамостојувањето на државата и сега изнесува 22.9%. Граѓаните на Република Македонија ја воочуваат разликата. Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш беа реформите и мерките кои го подобруваат стандардот на граѓаните. Сосем спротивно, СДС уште од првиот ден започна со спроведување на антиреформи и креирање на црна пропаганда против раководството на ВМРО-ДПМНЕ – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, СДС започна со најави за уривање, блокирање и укинување, а граѓаните ја бараат ветената минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, додека докторите очекуваат плата од 100.000 денари.

 

Поврзани новости