Фајненшл Тајмс го промени насловот: Македонија ја разгледува можноста за влез во НАТО под привремената референца

by fokus

По реакција на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, редакцијата на „Фајненшел Тајмс“ го смени насловот на текстот од интервјуто со министерот за надворешни работи Никола Димитров, согласно неговата изјава која гласи: „Македонија ја разгледува можноста за користење на привременета референца за зачленување во НАТО“.

Угледниот британски весник „Фајненшел тајмс“ кој утрово се појави со анализа со наслов „Македонија прелага промена на името во обид да му се приклучи на НАТО“, по неколку часа го смени насловот.

Првиот наслов предизвика серија негативни коментари во Скопје, во исто време додека владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев е во посета на Брисел на средби во НАТО и седиштето на ЕУ.

Според Фајненшел тајмс Димитров кажал дека е прерано да се дискутира за какви било предлози за името, и ќе се сретне со грчките министри в среда за да ја обнови довербата меѓу двата соседи откако Атина стави вето за македонското влегување во НАТО.

Поврзани новости