ВМРО-ДПМНЕ: Мафијаши на СДСМ со оружје упаѓаат во домовите на наши симпатизери

by Фокус

По посетата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија на граѓанин, на врата тропнала мафијата на СДС која со огнено оружје почнала да им се заканува дека ќе ги убие поради нивната политичка определба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мафијашите, симпатизери на СДС по сведоштвата на граѓаните и признале дека редовно го следат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Капија. Со што уште еднаш се потврди дека навистина сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата кампања се следени од симпатизери на СДС со цел вршење на притисоци, уцени и поткуп на местата кои се посетени од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Народот е под невиден притисок и нема можност во фер и демократска атмосвера да го даде својот глас и да го оствари своето законско право“, обвинуваат од ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека граѓаните што гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се таргетирани, малтретирани и тепани од криминалните структури под контрола на СДСМ.

Поврзани новости