Жител на Тетово урининал на јавно место, па завршил во притвор

by Фокус

Полициски службеници вчера вечер во Тетово забележале привеле 51-жител на Тетово, кој одбил да се иденфитикува откако претходно бил затечен како уринира на јавно место.

„Со намера да му укажат на прекршокот, тие му се доближиле и побарале да се идентификува. Лицето одбило да се идентификува, почнало да се оддалечува и со погрдни и вулгарни зборови почнало да ги навредува и омаловажува полициските службеници. Му била дадена наредба да застане, но тој не ги послушал и во еден момент го турнал еден од полициските службеници. Лицето било приведено во Полициската станица Тетово, каде му бил утврден идентитетот. Се работи за лицето З.К. (51) од Тетово. Во моментот на приведување на З.К., бил забележан З.С. (53) од Тетово, кој со мобилен телефон се обидувал неовластено да го снима настанот. Кога полициските службеници го внесувале З.К. во службеното возило, З.С. го држел со двете раце и ги спречувал во преземање на службените дејствија, поради што и тој бил приведен во Полициската станица“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од таму велат дека по целосно расчистување на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Поврзани новости