Ахмети бара поддршка за неговите кандидати за градоначалници во вториот круг

by Фокус
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес ќе престојува во Желино, Врапчиште и Чегране за да се сретне со партиските структури и граѓаните од овој регион, за да ги увери дека ДУИ со целиот капацитет стои зад Фатмир Изаири во Желино, Гајур Рушити во Врапчиште и Невзат Бејта во Гостивар, соопштија од ДУИ.
„Соработката со извршната и законодавната власт се најдобра гаранција за спроведување на програмата за кандидати за градоначалници и Ахмети ги уверува граѓаните дека ќе стои зад исполнувањето на програмските определби на ДУИ во секоја општина“, велат од ДУИ.

Поврзани новости