Туристи од Турција и Шведска се првите жртви од земјотресот кој изутринава го потресе Егејско море

by fokus

Најмалку двајца загинаа, а над 180 луѓе се повредени во земјотресот со јачина 6,7 степени според Рихтер кој рано утрово во 1.30 часот се случи во Егејското море во близина на градот Бодрум во Турција и грчкиот остров Кос.

Според досегашните официјални информации од полициските служби, загинати се двајца мажи, еден од Шведска и еден од Турција при уривање на таван на грчкиот остров Кос, а повредени се најмалку 180 лица.

Конзулатот на Турција во Грција ја потврди смртта на турскиот државјанин, додавајќи дека уште еден турски државјанин се здобил со сериозни повреди и е префрлен во болница во Атина.

Наспроти Кос, во Бодрум околу 80 повредени се префрлени во болница, најголем дел од нив се здобиле со повреди скокајќи од прозорците поради паника. Потресот предизвика и цунами кои ги полави улиците и хотелите во близина на крајбрежјето.

Грчките власти испратија хеликоптери за да ги префрлат повредените на поголемиот грчки остров Родос.

Поврзани новости