Адвокатите на Миле Јанакиески: Пасошот му треба за летни и зимски распусти, има три малолетни деца

by Fokus

Миле Јанакиески, поранешениот министер за транспорт и врски, кој е осомничен во случајт на СЈО, Титаник, за изборните нерегуларности денеска на јавната расправа во Апелациониот суд побара да му биде вратен пасошот.

– Ветувам дека ќе доаѓам во судот кога ќе почне судската постапка и час поскоро чекам да почне судењето, за да ја докажеме нашата невиност. Не е точно дека сум правел обиди да влијаам врз сведоци, а исто така не е точно дека сум бил недостапен за СЈО бидејќи секогаш им се јавував на нивните телефонски повици – истакна Јанакиески, кој додаде дека не дал исказ за обвинувањата во СЈО бидејќи тој со месеци ги барал списите за да направаи увид во нив, а кога му биле доставени не бил во можност да се изјасни бидејќи требало да се разгледаат 27 илјади страници и не билво можност тоа да го стпори во толку кус рок.

СЈО, пак побара да му се одреди притвор бидејќи во истрагата не се јавувал редовно на поканите на СЈО, па затоа постои можност да ја попречува и судската постапка.

Адвокатите на Јанакиески истакнаа дека сега пасошот на обвинетиот му е потребен за летни и зимски распусти, додавајќи дека е татко на три малолетни деца.

Од СЈО, пак пред судот посочија дека обвинетиот Јанакиески ја опструирал истрагата и не се јавувал редовно на ниовните покани.

– Веќе има одредени факти за влијание на обвинетиот врз сведоци, па зтаоа треба да му се изрече мерка притвор – рече обвинителотГаврило Бубевски.

В.В.

Поврзани новости