СЈО незаконски претресувало кај Грујовски, оцени судијката Поп Стефанија

Судијката Александра Поп Стефанија оценила дека Специјалното јавно обвинителство незаконски го претресило домот на поранешниот шеф на Петтата управа, Горан Грујовски, кој е првосомничен во случајот „Тврдина”, за уништување опрема во тајната полиција.

Според судијката, СЈО незаконски претресувало, бидејќи тој бил во притвор. Од СЈО поднесоа жалба на ваквата одлука.

Инаку, иако Грујовски тогаш доби притвор од 30 дена, сепак излезе на слобода по само два дена. Жалбата од СЈО, судијката Поп Стефанија ја одби како неоснована и одлучи нему да му се одземе пасошот.  Таа го одби барањето за притвор и за ексминистерката Гордана Јанкуловска и уште тројца осомничени , а ја оспори надлежноста на специјалното обвинителство за случајот „Тврдина”

Веднаш после тоа СЈО побара изземање на судијата од овој случај, но нивното барање беше одбиено. СЈО бараше изземање на судијката и поради тоа што, нејзиниот сопруг се води како вработен во разгранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.