Села не ги прифаќа предлозите на Заев

by fokus 20:50
20:50

Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, за нас се неприфатливи, вели Зијадин Села од Алијансата на Албанците, но не открива за какви предлози се работи.

Тој потенцира само дека ќе инсистира на целосно официјализирање на албанскито јазик.

- Advertisements -

– Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра со нашиот јазик, да се зема постоечкиот закон и да се менуваат членовите. Треба закон кој ќе биде во склад со Уставот. Бидејќи Уставот дозволува употреба на албанскиот јазик во сите институции на државата, ние ќе предложиме закон што ќе го официјализира албанскиот јазик во сите институции на државата. Јас не знам кој предлагал и што предлагал, но тие предлози кои се слушаат во јавноста, за нас се неприфатливи – изјави Села доцна попладнево, пред да започне Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА.

Како што информираше Села, на иницијатива на Алијансата за Албанците утре ќе се одржи заедничка средба на политичките партии на Албанците, на која ќе се разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада.

Инаку, Заев денеска изјави дека „за СДСМ е прифатливо се што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница”. Тој потврди синоќа ДУИ им доставил документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците, за кој наскоро рече ќе се изјаснат.

Поврзани новости