СЈО на својот роденден ги поднесува првите две обвиненија

by fokus

Специјалното јавно обвинителство денеска одржа прес конференција на која соопшти дека до Кривичниот судот ги поднесува првите две обвиненија откако се формираше. Станува збор за предметот со  незаконско уништување документација од системите на прислушување, а второто за демолирањето на општина Центар.

Од СЈО очекуваат и за двете обвиненија да има осудителни пресуди.

-Првиот предмет е од огромно значење на мандат на ова Обвинителство. Се работи за уништување на документација. Преземајќи истражни дејствија за тоа кој и зошто неовластено прислушувал, Обвинителството прибави доказен материјал и за други кривични дела. Од доказите произлезе дека првообвинетиот незаконито формирал Комисија и 2.047 службени списи биле уништени. Според доказите, првообвинетиот издал усна наредба за годишно ништење на материјали, иако законските акти не дозволуваат обвинетиот да формира таква комисија. Целта била да се уништат списите поврзани со работата на системите за следење на комуникациите. Целото ништење е направено спротивно на сите службени акти, и обвинетите лица без никаква процедура за ништење ги запалиле материјалите, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Вториот предмет се однесува на телефонски разговор во кој се договара демолирање на општина Центар.

-Разговорот е воден откако веќе била закажана седница на Советот на општина Центар. Произлезе сомнение за потикнување насилство . Ова јавно обивнителство презеде низа активности дали содржината на снимката има своја завршница. Поради наведените причини беа прибавени голем број видео записи, материјални докази, а беа испитани и 20 сведоци. Дел од сведоците побарале заштита, рече Фетаи.

 

Поврзани новости