СЈО нема да бара одредување притвор за обвинетите

by fokus

На денешната прес конференција на која Специјалното јавно обвинителство објави дека во текот на денешниот ден ќе ги поднесе првите две обвиненија до Кривичниот суд, обвинителката Ленче Ристовска рече дека нема да бараат посебни мерки за обезбедување на обвинетите.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа објасни дека СЈО смета дека нема потреба одредување мерка притвор или некоја друга мерка за обезбедување на обвинетите. Станува збор за обвинение за случајот со уништување на доказите и опремата за прислушување, како и за демолирањето на општина Центар.

Поради почитување на пресумницијата на невиност, од СЈО не спомнуваа имиња кои се опфатени со овие две обвиненија. Додека траеше истрагата за овие два предмети, дел од осомничените беа и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски.

Поврзани новости