Мијалков ги покажа уплатниците за радиодифузна такса

by fokus 21:41
21:41

Откако се најде на листата на УЈП за присилна наплата за радиодифузна такса, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков го платил заостанатиот долг.

Во изјава за прес 24, Мијалков вели оти за неговиот долг разбрал преку медиумите, а до порталот испрати и фотокопии од уплатниците од 998 денари.

Освен тоа, Мијалков додава оти жали што долгот „медиумски бил злоупотребен од страна на СДСМ.”

fhgfjgdzjg-1

Поврзани новости