СДСМ: Ќе следува одговорност за поранешните функционери во УЈП

by fokus

За неплаќањето данок што го овозможи ВМРО-ДПМНЕ ќе следува одговорност, велат од СДСМ откако Управата за јавни приходи обелодени скандал во кои поранешни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин им овозможиле на 37 фирми да бидат изземени од законските постапки за наплата на милионски долгови.

„Со ова функционерите од ВМРО-ДПМНЕ свесно создавале нелојална конкуренција повластувајќи одредени фирми на штета на сите останати кои редовно си ги плаќале своите обврски кон државата. Дополнително, со направените штети врз буџетот оштетени се сите граѓани. Овој скандал е уште еден во низата докази кои јасно укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше спротивно на државните и граѓански интереси.

Владата предводена од СДСМ, велат од таму, интензивно работи на санирање на направените штети, создава подобри и еднакви услови за работа на сите фирми, со што им помага во нивниот развој во интерес на сите граѓани.

„Заврши времето на привилегираните и непочитувањето на законите во државата на штета на граѓаните и фирмите. По спроведување на целосната истрага ќе следува одговорност, законот мора да важи за сите подеднакво“, порачуваат од СДСМ.

Поврзани новости