Полицијата трага по украдено „југо“

by fokus

54-годишен скопјанец пријавил во полицијата дека му го украле патничкото моторно возило „Југо 55“.

Според пријавата кражбата се случила вчера помеѓу 06,30 и 15,00 часот на улица „808“, велат од полицијата. Сторителот без да биде забележан го стартувал возилото со клучевите кои биле оставени на воланот и го напуштил местото на настанот.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.

Поврзани новости