Почна протестот за одбрана на името, ЕУ Инфо Центарот под силно полициско обезбедување

by fokus

Протестниот марш за одбрана на уставното име започна во 18 часот пред ЕУ Инфо Центарот, кој е под силно полициско обезбедување.

На протестот присутен е и Филип Петровски кој објави фотографии од полициското обезбедување.

Демонстрантите бараат безусловен прекин на разговорите за името и продолжување на членството во Обединетите нации и во меѓународните организации под државното име Македонија, повлекување на Законот за употреба на јазиците, на Договорот со Бугарија и итно ослободување на притворените и осудените за собраниските настани од 27-ми април лани.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, до Собранието, до Владата и до странските амбасади во Македонија.

Поврзани новости