Нов посилен земјотрес во Охрид

by fokus

Нов посилен земјотрес ги вознемири Охриѓани пред околу 10тина минути.

Според сајтот на Европската мрежа, земјотресот бил со јачина од 4 степени.

Охриѓани во последните две недели се постојано под стрес од земјотресите кои го тресат целото охридско подрачје и посилни потреси се јавуваат по неколку пати во денот. Засега од земјотресите е причинета само помала материјална штета.

Поврзани новости