Нимиц: Верувам дека е дојдено време за решение

by Fokus

Сега е вистинското време да се реши 25-годишниот спор за името и има волја и на двете страни за тоа, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц по средбата во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, јавува МИА.

Оценувајќи ја средбата како конструктивна, Нимиц рече дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот.

Постојат неколку тешки прашања, но мислам дека во Атина и во Скопје, има добра волја да се затворат.

Нимиц не сакаше да прецизира што содржат неговите последни предлози доставени до Атина и Скопје. Посочи дека во медиумите протекоа некои од идеите, но нагласи оти јавно засега не може да зборува за тоа.

– Двете страни може да имаат и нивни идеи за кои јас можам да посредувам, но не да судам. Од моја страна давам идеи за кои сметам дека се најдобри во моментов, рече Нимиц.

Поврзани новости