Никола Јанкуловски избран за нов ректор на УКИМ

by fokus

Професорот и декан на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски е избран за нов ректор на УКИМ. За него гласаа 43 од сенаторите, додека неговиот противник, Ненад Новковски доби шест гласа.

За изборот за ректор гласаа и десетте сенатори претставници од Студентскиот парламент, за кои од Студенскиот пленум предупредија дека се нелегитимни. Четворицата претставници на Студентскиот пленум пак, ја напуштија седницата пред гласањето, откако им беа исклучени микрофоните.

Претставниците на Пленумот го предупредија Сенатот дека на седницата ќе бираат нов ректор и ќе носат одлуки со гласови на нелегитимно студентски претставници, што можа да предизвика сериозни правни импликации.

Поврзани новости