Одбиено барањето на СЈО за изземање на судијката од случајот „Тврдина“

by fokus

Кривичниот суд го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“.

Ваква одлука донел заменик-претседателот на судот, Ивица Стефановски, бидејќи претседателот Владимир Панчевски бил на одмор.

Инаку, барањето за изземање на судијаката во судот стигна минатиот четврток, откако Поп-Стефанија не ги прифати барањата за притвор и за мерки на претпазливост на СЈО против Горан Грујовски, Гордана Јанулоска и другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на специјалното обвинителство за случајот со уништивањето на опремата за прислушкување.

Освен тоа, СЈО бараше изземање на судијката токму во случајот со Јанкулоска бидејќи поранешната министерка се води како вработена во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а вработен во разгранок на владејачката партија во Неготино е и сопругот на Поп-Стефанија.

Поврзани новости