На истото место каде што Ахмети доживеа сообраќајка, пред три дена имаше идентична несреќа

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утринава доживеа сообраќајна несреќа, кога автомобилот со кој се превезувал удрил во бетонски столб, кај патарината Гостивар-Тетово, поради ниската видливост како резултат на маглата.

Како што соопштија од Мала Речица, Ахмети и неговиот шофер се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност, но се хоспитализирани во тетовскиот клинички центар, поради лесните телесни повреди.

На истото место, пред три дена, фотографот на „Фокус“, Томислав Георгиев, бил сведок на речиси идентична сообраќајка, а од самото место направил и фотографија.

Фотографија на Томислав Георгиев

Tomi

 

Фотографијата е на порталот „Порталб“

portalb

Поврзани новости