Ахмети полесно повреден во сообраќајка

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утринава доживеа сообраќајна несреќа, кога автомобилот со кој се превезувал удрил во бетонски столб, кај патарината Гостивар-Тетово.

Сообраќајката се случила околу 9.30 часот наутро, а според првичните информации, Ахмети и неговиот возач се полесно повредени.

И Мнистерствот за внатрешни работи ја потврди информацијата за несреќата, посочувајќи дека две лица се згрижени во болница, но без да потврдат дали меѓу повредените е  и лидерот на ДУИ.

 Фотографијата е на порталот „Порталб“

Поврзани новости