Министерството за надворешни работи на својата веб страница објави соопштение поврзано со вчерашниот напад во трговски центар во Минхен.
-Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија. Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани, се вели во соопштението од МНР.
Министерството посочи за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, да се обратат на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.