249
Опозициската СДСМ денеска испрати соопштение во кое вели дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов, со својот настап во дебатна емисија на ТВ21 признал дека Груевски иако веќе одамна не е премиер, се однесува како да е претседател на влада.
-Ова е доказ дека власта нема намера да направи одвојување партија-држава. Погледнете, пратеникот на ДПМНЕ Павле Саздов е толку многу скаран со вистината што и самиот мисли дека има такви кои му веруваат на неговите небулози, се вели во реакцијата на СДСМ.