Контра-демонстранти се собираат пред седиштето на СДСМ

by Фокус

Почнува и конта-протестот пред штабот на опозициската СДСМ, а контра-демонстрантите веќе почнаа да се собираат пред партиското седиште. Тие доаѓаат од кај населбите Кисела Вода и Центар, од каде се истовараат со автобуси пристигнати од Штип, Охрид и други градови.

Александар Пандов од ГДОМ денеска повика на контра-протест против аболицирањето на Зоран Заев и Зоран Верушевски, одлука која е на претседателот Ѓорѓе Иванов, па не е јасно зошто протестот е пред штабот на СДСМ. Претходно Заев рече дека не ја прифаќа одлуката тој да биде помилуван.

Поврзани новости