Игор Кичеец: Муковски се јавуваше уредно во судот, доблесно ќе беше барем основот бегство да отпаднеше

by fokus

Одбраната на пратеникот, Крсто Муковски, кој од вчера се наоѓа во притвор за неговото учество во насилствата во Собранието, најави дека ќе ја обжали определената мерка. Адвокатот Игор Кичеец вели дека притворот е определен по сите основи, но додава дека ниеден од основите не е аргументиран.

-Обвинителството имаше седум месеци да ја заврши истрагата. Освен тоа мојот клиент три пати доброволно доаѓаше и се јавуваше уредно во судот. Има службен пасош, а има и лична патна исправи. Доблесно ќе беше од страна на обвинителството и судот барем основот бегство да отпаднеше. Не зборам за вината, тоа ќе се докажува понатаму. Но за мене се непоимливи аргументите на обвинителството со кои го бранеше притворот, дека ќе влијае на сведоци или поради можност од повторување на делото – изјави Кичеец денеска пред Кривичниот суд.

Адвокатите имаат рок од 24 часа да ја обжалат одлуката на судот. Од обвинителството велат дека нема да ги оспоруваат судските решенија на три од шестмината пратеници да им биде определена мерка куќен притвор.

Поврзани новости