Гостиварец нападнал сограѓанин со секира и нож за да му одземе 100 евра

by Фокус

Триесет и осум годишен жител на Гостивар нападал свој сограѓанин со секира и и нож пред спортска обложувалница, во обид да му одземе 100 евра, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„На ул. Тоде Богданоски, пред спортската обложувалница, додека Д.К. (32) седел со неговиот пријател Р.Ј. (38), дошол Е.Н, кој откако видел дека Д.К. во рака имал 100 евра и мобилен телефон, се обидел да му ги одземе и да побегне, но Д.К. го спречил. Во тој момент Е.Н. од џебот извадил нож со кој замавнал кон Д.К., а потоа од појасот извадил мала секира со која го удрил во пределот на главата, при што му нанел расекотина, а потоа со ножот го прободел два пати во пределот на левото рамо и во пределот на левата дланка, по што го напуштил местото на настанот“, соопштија од полицијата.

Нападнатиот бил пренесен во Медицинскиот Центар во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош и констатирани му биле телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.

Поврзани новости